|
Издавачката куќа Глобал Медиа е компанија со најбрз раст помеѓу медиумските издавачи во Македонија. Основана е 2005 година, по што за многу кус период успеа да се издигне како носител на неколку од најквалитетните периодични списанија во земјата. Во моментов во издание на Глобал Медиа се печатат списанието за спорт - Еспорт, за автомобили - Ауто Фокус, и компјутерското списание Клик. Сите списанија на Глобал Медиа се одликуваат со верна читателска група и квалитативни карактеристики кои ги издигнуваат помеѓу најавторитетните во сопствените области. Развојот на исклучително квалитетни медиуми е основата на работењето на Глобал Медиа. Ваквиот развој е поставен врз креирањето и унапредување на процесите на работа, креативните тимови и следење на најновите технологии во креирањето на медиумите. Луѓето кои се дел од Глобал Медиа постојано развиваат нови методи на работа, нови начини на креирање и развој на медиумите кои овозможуваат максимален квалитет на списанијата. Основна идеја при креирањето на квалитетни медиуми претставува унапредување на списанијата кои се достапни на читателите во земјата, креирање на интересни, точни и квалитетни содржини кои ќе генерираат задоволство кај своите читатели. Глобал Медиа, како една од најважните издавачки куќи во Македонија, има обврска за постојано подобрување и развој на постојаните и идните медиуми со цел унапредување на медиумскиот пазар во земјата
|